Обама: Да се коригира курсот за да избегнеме поделба на светот

Од:

Американскиот претседател Барак Обама предупреди денеска дека силите на глобализацијата покажале „голема линија на поделба“ ширум светот и повика на „корекција на курсот“, со цел да се обезбеди државите и народите да се повлечат во поостро поделен свет.

– Во име на напредокот, мораме да признаеме дека постоечкиот пат кон глобална интеграција бара коригирање на курсот, истакна Обама, во последниот говор во Генералното собрание на ОН како претседател на САД.

Тој изрази жалење што светот станал побезбедно и попросперитетно место во исто време кога некои држави се борат со разорна бегалска криза, тероризам и конфликти на Блискиот исток. Обама рече дека владеењето станало потешко кога луѓето ја губат довербата во јавните институции, а тензиите меѓу државите излегуваат од контрола.

– Тоа е парадокс кој го дефинира светот денес. Мораме да одиме напред, а не наназад, истакна американскиот претседател.

Генералната дебата на 71. Генерално Собрание на Обединетите Нации, ја отвори генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, а меѓу другите свој говор ќе имаат и францускиот претседател, Франсоа Оланд, турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, британскиот премиер Тереза Меј, канадскиот премиер Џастин Трудо. 

Македонскиот претседателот Ѓорѓе Иванов ќе се обрати пред Генералното Собрание на ОН в четврток.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Обама со гестови го исмејуваше Трамп: „Тој е опседнат со величината“

(ВИДЕО) Мишел и Барак Обама ја поддржаа Камала Харис: „Ни се враќа надежта“

Според Обама, Путин се однесува на нов „непромислен“ начин

А1он

Бајден и Обама ќе се обратат за успесите и новините околу законот за достапно здравство

А1он

Обама е заразен со коронавирус

Ана Ололовска

Обама и се заблагодари на Меркел што ја држеше ЕУ заедно

А1он