Тајсон Геј ќе се натпреварува во боб

Од:

Американскиот спринтер Тајсон Геј, ќе стане уште една атлетска ѕвезда кој ќе се испроба во боб, откако го пријави своето учество на националното првенство, кое ќе се одржи оваа недела. Шампионатот ќе започне во среда, во Калгари.

Тајсон Геј е помалку контроверзен атлетичар, има три учества на Олимписките игри, но поради допинг му се одземени сребрените медали на 100 метри и на 4×100 метри на ОИ во Лондон во 2012 година.

На последната олимпијада во Рио, Геј, беше член на штафетата која го освои бронзениот медал, но тој резултат кој го остварија Американците подоцна беше поништен, бидејќи токму Геј лошо ја извршил својата измена.

Еден од оние атлетичари кои во Рио де Жанеиро остана без медал е и Рајан Бејли, кој исто така ќе се испроба во боб.

„Сѐ уште не можам да ја прежалам бронзата од Рио“, рекол Бејли, кој во својот прв настап во боб ги воодушевил стручњаците.

Во светот на спортот не е изненадување спринтерите на атлетиските патеки да се испробаат и во еден зимски спорт каков што е бобот.

Меѓу оние кои успешно се префрлиле од еден во друг спорт се Лорин Вилијамс, која е една од ретките која освоила медали и на летни и на зимски ОИ, потоа Лоло Џонс чија дисциплина е 100 метри со пречки

Би можело да ве интересира

Норвешки клуб мораше да помине 220 метри со автобус до европскиот натпревар поради едно бизарно правило

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Фергусон: Секако дека се плашам од тоа

Предраг Петровиќ

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Загина познат велосипедист – го прегази камион на тренинг

Предраг Петровиќ