Светското воено првенство во борење согласно строгите правила на CISM

Од:

Надгледувањето на 31-то светско воено првенство во борење кое ќе се одржи од 21 до 25 септември годинава во ВИП арената „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе се одвива во строги рамки на правилата по CISM регулативите за одржување на Светски воени првенства.

Ова го нагласија на денешната прес-конференцијата полковник Нелсон де Хесус Лопез, официјален претставник на CISM за првенството, потполковник Марко Корпела, претседател на боречкиот спортски комитет на ЦИСМ, Сен Левент, неутрален судија на Светската боречка федерација, Димче Трајков, потпретседател на Македонската спортска боречка федерација и полковник Борко Симоски, шеф на македонската делегација и претседател на комитетот за организирање на првенството.

На 31. светско воено првенство во борење ќе учествуваат околу 400 спортисти од 32 земји. Република Македонија ќе биде претставена од 18 припадници на Армијата, а дополнително од земјата учество ќе земат и тројца судии и двајца тренери.  Деветнаесет спортисти-натпреварувачи биле дел и од олимписките игри во Рио, годинава, а неколкумина се и носители на златни медали од олимписките игри и светските првенства.

На новинарско прашање во однос на проверка за допинг на натпреварувачите, шефот на македонската делегација полковник Симоски истакна дека се извршени девет допинг контроли и оти секојдневно ќе се вршат медицински прегледи врз натпреварувачите.

Би можело да ве интересира

Промовирани монографијата и документарниот филм „Македонскиот сон – Ние сме светски шампиони“

Ана Ололовска

Промоција на монографија и документарец „Македонскиот сон: „Ние сме светски шампиони“ посветени на БК „Бучим- Јака“

Ана Ололовска

Утре во Струмица почнува 45. издание на боречкиот турнир „Македонски бисер“

Ана Ололовска

Македонските репрезентативци во граплинг четврти на турнир во Србија

Ана Ололовска

Љуљзим Вранези добитник на наградата „8. Септември“ за животно дело

Ана Ололовска

Велес ќе биде домаќин на Меѓународен турнир во мешани боречки спортови ММА

Ана Ололовска