Отсега, фотографиите и линковите од видеа нема да се сметаат и вбројуваат во симболите кои ги сочинуваат пишаните пораки на Твитер, кои се ограничени со 140 симболи, соопшти популарната социјална мрежа.
– Кажете повеќе со вашите 140 симболи! Сликите, видеата, фајловите во „гиф“ формат, прашањата и цитатите веќе не се бројат, се вели во твит објава на компанијата, која се обидува да привлече поголем број корисници и да стане профитабилна.
Моментно, Твитер има 310 милиони корисници. Од самото свое формирање, и покрај тоа што е популарна и барана, нема ниту еден долар интернет заработка. Во второто тримесечје Твитер пријави загуба од 107 милиони долари. Сето тоа изискува воведување нови услуги и промена на концептот.