Спречен обид за премин на 137 мигранти од Турција во Грција

Од:

Турските власти спречија обид на 137 илегални мигранти да преминат од Турција на грчките осторви во Егејското Море, јави денеска агенцијата Анадолија.

Според извори во турските безбедносни сили, 95 мигранти по потекло од Сирија, Авганистан и Ирак се обиделе со три чамци да заминат од турскиот брег кон осторвите Лезбос и Хиос.

Во друг случај, група од 42 мигранти, меѓу кои и повеќе жени и деца, биле приведени додека се обидувале да стигант до островот Кос.

Според податоците на турската крајбрежна стража, во текот на август вкупно 1.603 мигранти биле спречени во обидот да заминат од Турција кон Грција, што е двојно повеќе во споредба со претходниот месец.

Европската агенција за контрола на надворешните граници (Фронтекс). од своја страна, соопшти дека минатиот месец значително се зголемил бројот на мигранти кои од Турција пристигнале на грчките острови во Егејското Море.

Би можело да ве интересира

Трамп: Веднаш ќе ја запрам инвазијата на мигрантите во Америка

A1on

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Грчката крајбрежна стража пукала во брод со мигранти, загинал маж

Се преврте чамец со мигранти на Дрина, пронајдени 10 тела, меѓу нив бебе и мајка

Пронајдени се седум тела на мигранти кои се удавија во Дрина при обид да преминат во БиХ

Полицијата пронајде тројца мигранти на влезот од Велес

Горан Наумовски