Десеттиот фестивал на виното „Вино Скоп“ ќе се одржи од 28 септември до 2 октомври на градскиот плоштад „Македонија“.
Во центарот на Скопје, посетителите пет дена ќе можат да дегустираат квалитетно македонско вино и да уживаат во настапите на македонските музичари Владо Јаневски, „Куку Леле“, Ристо Самарџиев, Јаков Дренковски, Миле Кузмановски, Ефто Пупиновски…
Фестивалот го организира „Темов“, а покровител е Град Скопје. Годинава ќе учествуваат над 20 винарии.
– Во текот на изминатите десет години фестивалот стана заштитен знак на есента во Скопје, како и привлечна туристичка атракција за голем број странски туристи кои секоја година ги има во поголем број, информира организаторот.