Од 19 до 25-ти овој месец Скопје ќе биде домаќин на 31. Светско воено првенство во борење, на кое ќе учествуваат повеќе од 400 претставници од 32 држави.
По тој повод денеска во ВИП арената „Спортски центар Борис Трајковски“ ќе се одржи прес-конференција.
На претстојното првенство, кое е во организација на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија ќе учествуваат и учесници и носители на медали од последната Олимпијада во Рио, Бразил.