Научниците тестираат оплодување без јајце клетка

Од:

Кликс – Сараево

Нова шокантна студија ја негира идејата дека човечкото размножување, т.е. настанок на човечко битие е можно само со женска јајце клетка оплодена од сперматозоид. Оваа студија укажува на тоа дека плод може да се создаде од нај обична клетка на кожата, пишува Индепендент.

Експериментот вклучувал глувци кај кои е заклучено дека оплодувањето е можно со било која друга клетка, не само со јајце клетка и така може да се добијат нормални и здрави потомци прескокнувајќи го традиционалниот начин на оплодување.

Резултатите од оваа студија покажуваат дека тоа е можно, со цел да се создаде плод, да се спои сперма со било која друга телесна клетка. Значи сперматозоид може да оплоди кожна клетка, а ваквиот начин на оплодување не би претставувало клонирање.

Значи ова може да доведе до целосно исклучување на женската улога во создавање на потомство, а научниците оваа студија ја нарекоа нереална шпекулација.

Ако резултатите од истражувањето се покажат точни, ова може да доведе до тоа хомосексуалните двојки да добиваат биолошко дете, или маж сам да оплоди своја клетка од кожата и така да добие потомство кое би ги наследувало исклучиво неговите и гените на неговото семејство. Ова може да има и позитивна страна. Жените на кои репродуктивниот систем им е прекинат или загрозен од карцином или со отстранување на репродуктивните органи во младоста, би имале прилика да добијат биолошко дете користејќи други телесни клетки наместо јајце клетките.

Уште една позитивна страна на резултатот од истражувањето би била и полесно зачувување на загрозените животински видови.

Молекуларниот ембриолог и водач на истражувањето Тони Пери рекол дека ова го поништува мислењето дека добивањето на потомство кај цицачите е можно само со оплодување на јајце клетки.

„Видовме во случајот со глувците дека оваа техника во принцип делува, но ќе биде потребно уште многу работа и истражување” – вели Пери.

Методот за оплодување на клетките на кожата на глувците покажал успех од 24 отсто преживеани потомци, за разлика од еден до два отсто преживеани клонирани потомци.

Научниците користеле патогенски клетки, слични на кожните, па по оплодувањето со сперматозоиди успеале да добијат потомство кај глувците.

„Не знам дали некогаш ќе можеме да се размножуваме на ваков начин, но ако биде можно, тогаш ова е почеток” – рече Пери.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он