Обама се заканува на Пјонгјанг со нови санкции

Од:

Претседателот на САД Барак Обама ја осуди денеска петата нуклеарна проба на Северна Кореја и најави дека ќе соработува со американските партнери со цел воведување нови санкции за Пјонгјанг. 

Нуклеарното тестирање на Северна Кореја, како што оцени Обама, претставува „сериозна закана“ за регионалната безбедност и меѓународниот мир. 

– САД не ја прифаќаат и никогаш нема да ја прифатат Северна Кореја како нуклеарна држава, наведе Обама. 

Тој истакна дека ќе работи на преземање на значителни чекори, вклучително нови санкции, за да и ги укаже на Северна Кореја последиците од незаконските и опасни акции. 

Обама претходно денеска изјави дека провокативните акции на Северна Кореја, од кој било вид, имаат „сериозни последици“. 

Државната телевизија на Северна Кореја објави дека Пјонгјанг сега е подготвен да поставува нуклеарни боеви глави во балистички ракети.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Обама со гестови го исмејуваше Трамп: „Тој е опседнат со величината“

(ВИДЕО) Мишел и Барак Обама ја поддржаа Камала Харис: „Ни се враќа надежта“

Според Обама, Путин се однесува на нов „непромислен“ начин

А1он

Бајден и Обама ќе се обратат за успесите и новините околу законот за достапно здравство

А1он

Обама е заразен со коронавирус

Ана Ололовска

Обама и се заблагодари на Меркел што ја држеше ЕУ заедно

А1он