Антологијата на современата турска поезија, во избор, превод, предговор и коментари на познатиот турски писател од Македонија Фахри Каја денеска ќе биде промовирана во мултимедијалниот центар „Матица екслузив“.
На промоцијата ќе се обратат министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и директорот на Турскиот културен центар „Јунус Емре“ во Скопје Тајфун Калкан.
За подготовката на ова дело и за меѓусебното запознавање на македонската и турската литература преку преведување на значајни дела од македонски и турски автори ќе зборува приредувачот на Антологијата.