Пет лица се убиени, а две ранети во напад на исламистите од Боко Харам во источен Нигер, прв во ова аобласт во последните три месеца, соопшти локалниот гувернер.
Гувернерот изјави дека Боко Харам на почетокот на јуни извел офанзива во тој дел од Нигер, во близина на границата со Нигерија и Чад, по што оваа џихадистичка група беше потисната од војската, пренесуваат француските медиуми.
Напаѓачите денеска влегле во едно село и ги нападнале селаните, убиле петмина од нив и запалиле повеќе куќи, по што избегале кон Нигерија.
Неколку десетици илјади жители на Нигер се избегани од оваа област по нападот во јуни, кога беа убиени 26 војници.