Американското Федерално истражно биро објави денеска разговор од 2 јули воден со Хилари Клинтон во врска со истрага за нејзиното користење приватен сервер за мејлови додека била американски државен секретар.
ФБИ исто така објави и преглед на севкупната истрага.
Документот од 58 страници на ФБИ содржи и технички детали за тоа како бил поставен серверот во подрумот на нејзината куќа.
Објавувањето на документите е невообичаен чекор, но покажува исклучително интересирање на јавноста за таа истрага.
Директорот на ФБИ Џејмс Коми рече дека иако Клинтон и нејзините соработници биле „исклучително невнимателни“, Бирото не утврдило дека станува збор за намерно кршење на законите.