Рускиот претседател Владимир Путин истакна проектот за гасоводот „Турски поток“ во крајна сметка ќе биде спроведен.
– Мислам дека конечно ќе го спроведеме, барем неговиот прв дел, поврзан со проширувањето на транспортниот капацитет и зголемувањето на испораките за турскиот внатрешен пазар, посочи Путин.
Тој дополни, дека има можност да биде снабдувана и Европа, но тие испораки зависат од одлуката на Европската комисија.
Откако Русија се откажа од спроведувањето на проектот „Јужен поток“ поради барањата на ЕУ гасоводот да одговара на така наречениот трет енергетски пакет, беше одлучено да се гради „Турски поток“.
Проектот предвидува изградба на гасовод преку Црното Море до европските делови на Турција, а потоа кон границата со Грција.
Должината на морската дел е околу 910 километри, а на копнениот по турската територија е 180 километри.