Турција предупреди дека Британците кои се борат со Курдите се „терористи“

Од:

 Турската Влада предупреди дека сите странци кои се борат во редовите на курдските сили во Сирија ќе ги смета за „терористи“.

„За нас тие се терористи и ние така ќе ги третираме“, посочуваат лондонските медиуми, цитирајќи ја изјавата на портпаролот на владата во Анкара.

Тој предупредил дека секоја странска земја е одговорна за своите државјани, кои им се приклучуваат на курдските „терористи“ и треба да ги спречат да не се борат на страната на ЈПГ.

Курдската Единица за народна заштита (ЈПГ) која ја сочинува главнината на Сириските демократски сили (СДФ), војуваат успешно против  џихадистите на Исламска држава (ИД)  и тие се поддржани од САД кои ги сметаат за свои сојузници.

Во редовите на ЈПГ има повеќе Британци, ветерани од војните во Авганистан и Ирак, но и стотина Американци, Канаѓани, Французи, Германци и Швеѓани кои изјавиле за британските медиуми дека им помагаат на Курдите да ги совладаат џихадистите.

Освен нив, има и десетици други Британци, кои на разни начини ја помагаат борбата на курдските сили на сирискиот терен.

По интервенцијата на турските сили во северниот дел на Сирија, најавена како офанзива против ИД, но и против единиците на сириските Курди, доброволците од Западот се соочуваат со опасноста да бидат убиени не само во борбите со џихадистите, туку и од турската војска, која треба да е нивна сојузничка, затоа што Турција и земјите од каде странците доаѓаат, се дел од истиот воен сојуз-НАТО.

Официјална Анкара порачува дека нејзнината операција на чистење на сирискиот север, за да се спречи Курдите целосно да завладеат со оваа територија, ќе продолжи се додека не се постигнат основите цели – потиснување на курдските сили.

Медиумите во Лондон објаснуваат дека странците во курдските редови се сметаат себе си за доброволци и имаат формирано „Меѓународен батаљон од доброволци“. Тие инсистираат на тоа нивниот батаљон да биде налик на бригадите доброволци кои војувале во Шпанија, во текот на граѓанската војна, во триесетите години на 20 век.

„Ние не сме платеници, а уште помалку терористи. Не убиваме цивили, не изведуваме терористички напади, туку војуваме против терористите и тероризмот“, изјави еден од доброволците од Западот, за западните медиуми.

Би можело да ве интересира

ПКК ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во Анкара

Горан Наумовски

Шведска го екстрадираше во Турција Махмут Тат, осуден за членство на ПКК

Блинкен: За смртта на турските заложници во Ирак се одговорни „терористите на ПКК“

Жарко Настоски

Во Турција уапсени 418 лица поради поврзаност со ПКК

Ана Ололовска

Четворица загинати во судири меѓу турската армија и борци на ПКК

Ана Ололовска

Германија забрани две групи поради сомнеж за врски со ПКК

Ана Ололовска