Асанж: Викиликс доби нови информации за изборите во САД

Од:

Основачот на Викиликс, Џулиан Асанж изјави дека неговата организација добила нови информации за изборите во САД, кои ги проверува, за подоцна да бидат публикувани, јави ТАСС.

– Станува збор за интересни материјали, изјави Асанж во интервјуто за „Њујорк тајмс“. 

Според неговите зборови, некои од податоците можно е да се поврзани со фондацијата на семејството Клинтон. 

Активностите на оваа добротворна организација, основана од поранешниот американски претседател Бил Клинтон во 2001 година, предизвика остри критики во САД од политичките противници на неговата сопруга Хилари Клинтон, која е претендент за Белата куќа. 

Републиканците се сомневаат дека поранешната државна секретарка, вршела услуги на луѓе и земји во замена за средства за фондацијата. 

Асанж истакна дека Викиликс располага со информации како за Клинтон, така и за републиканскиот кандидат за претседател Доналд Трамп. 

Основачот на Викиликс не го посочи контретниот рок за објавување на материјалите, но истакна дека нивната веродостојност не буди сомнеж. 

Во јули Викиликс објави електронска кореспонденција на Националниот комитет на демократите.
Од документите јасно се гледа дека раководството на партијата активно се обидувало да ја поддржи Клинтон на штета на нејзиниот противник на првичните избори Барни Сандерс.

Би можело да ве интересира

Британскиот суд денеска ја носи конечната одлука за Асанж

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

Бајден: Размислуваме да се откажеме од гонењето на Џулијан Асанж

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот

Асанж би можел да избегне екстрадиција

САД: Бараме екстрадиција на Асанж поради откривање извори