Во Гватемала безбедноста е луксуз

Од:

Би-Би-Си – Лондон

Во Гватемала, една од земјите со најмногу убиства во светот, безбедноста е лускуз кој можат да си го дозволат само оние кои располагаат со неопходните средства. Бизнисот со агенциите за обезбедување во оваа централноамериканска држава цвета.

Телохранител со пушка шета од едниот до другиот крај на ѕидот на бизнис зграда во центарот на истоимената престолнина на Гватемала.

На прометниот булевар Реформа, во центарот на градот, човек треба да е постојано на штрек. Да биде веднаш подготвен за сосема реална закана од вооружен грабеж, обид за киднапирање или дури и убиство.

Со 13 убидтва просечно на ден, минатата година Гватемала била една од најопасните држави во светот, без зоните на воени конфликти.

Централноамериканската држава е тормозена од наркобанди, масовна сиромаштија и од изобилство на оржје. Бројот на криминалитет, придружен од насилства, е исклучително висок.

Во престолнината Гватемала, ниту едно предградие „вклучително и богатите трговски, туристички и стабнеи реони“ не е „имун на нападите насред бел ден“, предупредува Државниот департмент на САД.

Од таму се дополнува дека ситуацијата е повод за „сериозен неспокој“ и дека „слабите правен и судски систем“ не придонесуваат за безбедноста, и потсетуваат за „наследството на социјалното насилие“ – остаток од граѓанската војна во земјата во периодот 1960-1996 година.

Во такви услови, можеби не треба да изненадува што приватниот сектор за обезбедување во Гватемала доживува вистински бум.

– Побарувачката постојано расте, вели Алфредо Розенберг, менаџер во агецнијата за обезбедување Седикоп. „За жал, причината е проблемот со небезбедноста која сите ние како гватемалци ја преживуваме“.

Седикоп е една од скоро 100-те законски регистрирани приватни агенции за обезбедување во Гватемала, кои ги чуваат граѓаните и бизнис интересите. Аналогичен број компании во оваа бранша работат без државна лиценца.

Се проценува дека во земјата има до 150,000 лица за обезбедување при население од 15,5 милиони, од кои 4,5 милиони живеат во и околу престолнината.

Седикоп и нејзините 500 службеници даваат редица услуги. Ако некоја компанија побара нејзина пратка да биде безбедно доставена, фирмата за обезбедување може да испрати патролна кола која ќе придружува комбе за транспорт или камион, по цена од два долари за километар.

Дали сакате некој да го чува влезот во вашата компанија? Цените започнуваат од 545 долари на месец. Имате потреба од телохранител? Најниската тарифа е 775 долари месечно.

– Луѓето ќе плаќаат за безбедноста, вели директорот за операции во Седикоп, Ханс Кастиљо. „Затоа што станува збор за човечки живот“.

За љубителите на концертот на американската хевиметал група Металика во гватемалската престолнина тоа била неверојатна вечер, полна со „убиствени“ гитарски рифови и сола на тапаните.

Но за Хулио Колон отворениот концерт за 27.000 души бил „ризик за безбедноста“.

За Колон, кој е менаџер во приватната агенција за обезбедување Сегуридад Интеграл, тоа му била комплетно вложена одговорност за безбедноста на настанот.

Тој го обезбедувал фудбалскиот стадион на кој се одржувал концертот со метални детектори, подготвен план за евакуација и насекаде распоредени обезбедувачи со радиостаници. За среќа, настанот поминал без никакви инциденти.

Бидејќи луѓето во Гватемала сакаат животот да тече нормално и покрај секојдневните опасности поврзани со безбедноста, во земјата продолжуваат да се организираат фудбалски натпревари и концерти. И Сегуридад Интеграл обезбедувала илјадници такви настани откако била оформан во 1990 година.

– На времето немаше никакви компании специјализирани во гарантирањето на безбедноста на големи настани, вели Колон. „Обезбедувањето на некои настан на кој многу луѓе се присутни во тек на неколку часа е многу поразлично од тоа да обезбедуваш една зграда“.

Додека повеќето агенции за обезбедување во Гватемала им даваат на компаниите општи услуги во сферата на безбедноста, Сегуридад Интеграл продолжува да се специјализира на за големи настани според свј систем. Таа наплатува до 26,000 долари за еден настан.

Колон вели дека побарувањата постојано растат и фирмата сега има 150 вработени.

Побарувачката за приватни агенции за обезбедување во Гватемала е толку голема што локалниот пазар привлекува луѓе и од странство.

Охад Шајхард дошол во земјата во 1994 година за да работи како инструктор за користње на огнено оружје, откако се пензионирал во својата служба во израелските вооружени сили.

Околу две години подоцна си отворил своја приватна агенција за обезбедување Децизион Ежекутива, која нуди персонализирани пакети за обезбедување, првенствено на гватемалски, мексикански и американски бизнисмени.

Во тоа време, најголемо неспокојство за неговите клиенти нила можноста да бидат киднапирани.

Но Шејнхарт вели дека треба да се прилагодува кон постојаната промена на ситуацијата во областа на обезбедувањето во Гватемала. Во последните години се забележува се поголем број на изнудувања, забележува тој.

– Во оваа земја, ако затвориш една дупка, се отвара нова, подвлекува Шајнхарт имајќи ги во предвид проблемите во областа на безбедноста.

Децизион Ежекутива наплаќа1500 долари месечно за личен бодигард и сега има 300 вработени.

Приватни агенции за обезбедување во Гватемала можеби има повеќе од 200, но Чејнхарт не уверува дека има доволно работа за сите нив. И малку е веројатно ситуацијата да се промени во скоро време.

Ардриана Белтран, експерт по безбедноста во вашингтонската тинк-тенк организација Вашингтон офис од Латина Америка, вели дека побарувачката по приватни фирми за обезбедување во Гватемала е толку голема затоа што луѓето не веруваат дека полицијата и останатите државни институции се во состојба да ги чуваат.

– Оние кои можат да си го дозволат тоа, им се обраќаат на приватни агенции за обезбедување, објаснува таа.

Назад на булеварот Реформа, чуварот пред бизнис центарот продолжува да чекори од едниот до другиот агол од зградата, и обратно, и престанува да зборува.

Тој бил ангажиран од управата на зградата каде има кафе барови и ресторани во партерот и канцеларии на погорните катови, меѓу кои и правна фирма, туроператор и една телевизија.

Менаџерот на бизнис центарот, Ектор Бернард, вели: „Имавме многу грабежи па бевме принудени надвор да поставиме чувари… кога има обезбедување, луѓето повеќе ќе се замислат пред да направат некаков проблем“.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,2 степени во Гватемала

Земјотрес со јачина од 6,4 степени ја погоди Гватемала

Горан Наумовски

Камионет падна во провалија во Гватемала, загинаа 17 лица

Ана Ололовска

Гватемала осуди поранешни војници на 30 години затвор поради силување домородни жени

Ана Ололовска

Претседателот на Гватемала воведе вонредна состојба на северот од земјата по насилните протести против рудниците за никел

Ана Ололовска

Во Атина запленија 350 кила кокаин сокриен во вреќи со кафе од Гватемала

Жарко Настоски