Летонската полиција на својот налог на Твитер објави „меѓународна потерница“ по летото.
– Врз основа на оперативно-аналитички активности утврдено е дека летото ја напуштило територијата на Летонија. Затоа објавуваме меѓународна потерница по летото, се наведува во ироничната порака на полицијата.
Ваквата „потерница“ по летото слњди откако во Летонија веќе неколку дена врне дожд, а температурите не надминуваат 20 степени Целзиусови.