Сличните навики на партнерите резултираат со среќен брак

Од:

Двојките со исти навики во пиењето алкохол се позадоволни од тие кај кои едниот партнер пие, покажуваат резултатите од истражувањето на Универзитетот во Мичиген.

Во истражувањето учествувале 2.767 двојки, кои просечно биле во брак 33 години. Во период од десет години испитаниците одговарале на прашања за навиките за пиење алкохол, потоа за квалитетот на бракот, па на тој начин се оценувани дали нивниот партнер има премногу барања, дали е критичен, дали е доволно доверлив или иритантен.

Очекувано, во поголемиот број случаи мажите повеќе пиеле, но утврдено е и дека двојките се задоволни во кои партнерите имаат слични навики. Посебно жените биле незадоволни од бракот ако пијат, а нивниот партнер апстинира.

Научниците се оградуваат и истакнуваат дека истражувањето не е апел двојките да пијат. Тие посочуваат дека не се сигурни што е објаснувањето на таа необична појаца, но шпекулираат дека суштината не е во пиењето алкохол, туку во заедничките активности на двојката. 

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска