Лица, вооружени со автоматско оружје, убиле осум млади момчиња на улица во предградие на Тегусигалпа, главниот град на Хондурас.
Жртвите, на возраст меѓу 18 и 27 години, настрадале пред еден трговски центар.
Разбојниците вчера наутро со џип застанале пред трговскиот центар и побарале од младите лица да се легитимираат, а потоа отвориле оган врз нив.
Хондурас е зафатен од бран убиства. Многу од нив се поврзани со борбата за надмоќ меѓу главните банди во земјата- „ Мара Салватруча“ и „Барио 18“. Хондурас се смета за земја со најмногу насилство на западната хемисфера.
До 2015 година во Хондурас се случувале во 57 убиства на 100.000 жители.