Британецот Енди Мареј и Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро ќе се борат за златниот медал на Олимписките игри во Рио.
Ова е исходот по одигрувањето на полуфиналните мечеви во кои, Мареј многу полесно од очекуваното го победи Јапонецот Кеи Нишикори во два сета со 6-1 и 6-4.
Затоа пак во вториот полуфинален меч имаше голема борба и многу неизвесност за победникот да биде реше дури по тајбрејкот во решавачкиот трет сет.
Првиот го доби Надал со 7-5, а втотиот му припадна на Дел Потро со 6-4. Во решавачкиот трет сет Аргентинецот за место во финалето се избори со конечни 7-6.