Разни фактори влијаат на појава на стрес кај децата, од привикнување на нова средина, до притисок во уилиштето или едноставно усогласување на обврските.
Затоа е важно родителите на време да ги препознаат симптомите, кои можат да предизвикаат стрес кај детето, за да можат да му помогнат.
Некои од најчести симптоми се стомачните проблеми. Проблеми со желудникот, мачнина, повраќање или дијареја можат да бидат симптоми на стрес кај децата на училишна возраст, посебно ако често се појавуваат или изгледа дека станале хронична состојба.
Зголемен број на отчукување на срцето и висок крвен притисок се симптоми што можат да се појават кога детето е под стрес. Овие симптоми, доколку долго време траат можат да предизвикаат срцеви заболувања. Децата кои ги имаат овие симптоми треба длабоко да дишат или да имаат активности за опуштање за да го намалат стресот и да ја вратат работата на срцето во нормала.
Кога детето е под стрес може да се јави и главоболка, болка во градите, во грбот или болки во мускулите. Ваквите болки често може да доведат до заблуда дека се работи за некоја физичка болка.
Промената на навиките на спиење иосто така се знак на стрес. Некои деца спијат подолго од вообичаеното, како вид на одбрана во борбата со стресот, но некои страдаат од несоница.
Некои деца се поподложни на болести од своите врсници. Една од причините може да биде и тоа што имуниот систем им е ослабнат, поради што се почувствителни на вируси и болести.
Децата што се под стрес може да изгубат апетит и да ги избегнуваат редовните оброци. Тоа може да доведе до здебелување или губење на тежината.
Одредени физиолошки реакции се активираат кога умот ќе почувствува дека телото е во опасност. Кога тоа ќе се случи, хормоните на стрес кортизол и адреналим се лачат во телото и предизвикуваат физички промени. Дишење, бројот на отчукување на срцето и метаболизмот се забрзуваат и има побрз проток на крвта. Сетилата се изоструваат и се зголемува потењето за телото под стрес побрзо да се олади.