Американската атлетичарка Мичел Картер се закити со златниот медал во фрлање ѓуле во женска конкуренција.
Американката до златото во Рио стигна со префрлени 20 метри и 63 сантиметри и тоа во последната шеста серија.
Со фрлени 20 метри и 42 сантимерти на второто место заврши Валери Адамс од Нов Зеланд која го освои сребрениот медал, додека Унгарката Анита Мартон до бронзата стигна со остварување од 19 метри и 87 сантиметри.