Фантастичната вечер на американските пливачи ја комплетира Ентони Ирвин, кој го освои златниот медал во најбрзата пливачка дисциплина, спринтот на 50 метри слободен стил.
Во супер интересната трка Ирвин исплива резултат од 21 секунда и 40 стотинки што беше за само една стотинка побрзо од сребрениот Французин Флоран Манаду.
До бронзата доплива Нејтан Адриан од САД.
Триесет и пет годишниот Ирвин стана највозрасниот пливач во историјата на Олимписките игри кој освоил златен медал, која пак за САД е вкупно 996-то злато од Олимпијадите.