Американската тинејџерка Кејт Ледецки продолжува да ги воодушевува присутните на олимпискиот базен во Рио, но и гледачите на ОИ ширум светот.
Деветнаесет годишната Американка постави нов светски рекорд.
Таа делницата 800 метри слободно ја исплива во време од 8:04.79 минути, со што стигна до својот четврти златен, а вкупно петти медал на игрите во Рио.
Среброто и припадна на Британката Џез Карлин, додека бронзата ја освои Богларка Капас од Унгарија.