Комплетирани се полуфиналните двојки на машкиот олимписки тениски турнир во Рио.
Британецот Енди Мареј кој е втор фаворит на тенискиот турнир во четвртфиналето беше подобар од Американецот Стив Јонсон кого го совлада во три сета со 6-0, 4-6 и 7-6.
Уште поголема неизвесност имаше и на мечот меѓу Кеи Нишикори и Жил Монфис од Фрација кој јапонскиот тенисер го доби со 7-6, 4-6 и 7-6 .
Три сета беа одиграни и на мечот меѓу Шпанецот Рафаел Надал и Томаз Белучи од Бразил во кој домашниот тенисер го доби првиот сет со 6-2, но во вториот и третиот Надал одигра на високо ниво и ги допи со 6-4 и 6-2.
Противникот на Шпанецот во полуфиналето Хуан Мартин Дел Потро кој го елиминира Новак Ѓоковиќ во 1.коло, во четвртфиналето во два сета со 7-5 и 7-6 го елиминира Шпанецот Роберто Баутиста.