Рио 2016: Кербер и Пуиг во тениското финале кај дамите

Од:

Анџелик Кербер и Моника Пуиг ќе играат во финалето на женскиот тениски турнир на Олимписките игри во Рио.

Германката Кербер во полуфиналето беше подобра од Американката Медисон Кејс која ја победи во два сета со 6:3 и 7:5.

Нејзината противничка во финалето, Моника Пуиг која е 34-то рангирана тенисерка на ВТА листата, за меч за златото се избори со победата во полуфиналето на фаворизираната чешка тенисерка Петра Квитова која ја победи во три сета со 6-4, 1-6 и 6-3.

Доколку младата 22-годишна Порториканка успее во финалето да направи уште едно изненадување, односно да ја победи второрангираната светска тенисерка Кербер, тогаш Пуиг би станала првата спортистка од Порторико која би освоија злато. Досега во историјата на ОИ, нејзината земја има освоено два сребрени медали и тоа боксерот Луис Ортиз на игрите во Атланта 1984 година, и борачот Хаиме Еспинала во Лондон пред четири години.

Би можело да ве интересира

Две лица загинаа при уривањето на две згради во Рио де Женеиро

Амбасадата во Бразил со упатство до посетителите на годинешниот карневал во Рио

Наум Локоски

Македонка освои злато на Параолимпијадата, но за Хрватска

Емир Латифовиќ

Наковска – Бикова го освои 4.место во дисциплината 50 метри воздушен пиштол

Емир Латифовиќ

Ново финале за Оливера Наковска – Бикова на Параолимписките игри во Рио

Емир Латифовиќ

Параолимпиец трчаше побрзо од олимпискиот првак

Емир Латифовиќ