Фиџи во календарот внесе државен празник со кој ќе го одбележи освојувањето на првиот олимписки медал во историјата, објави во петок премиерот Франк Баинимарама.
Малата пацифичка држава ја победи Велика Британија во финалето на рагби 7 во четвртокот.
„Ова е прекрасен момент во историјата на нашата земја. Ја освоивме првата златна медала на летните Олимписки игри и секој граѓанин на Фиџи се радува“, рече Баинимарама во соопштението
Државен празник е прогласен за 22 август.