Бразилската полиција синоќа уапси две лица за кои се претпоставува дека се приврзаници на групата Исламска држава и дека планирале напад за време на Олимписките игри што се одржуваат во Рио де Женеиро.
Уапсените се Бразилци, но полицијата не го открива нивниот идентитет и не соопштува други детали.
Вкупно 12 лица беа уапсени пред вчерашната полициска операција, под сомнеж за соработка со екстремисти на ИД.
Бразил не е во директен конфликт со екстремистичките групи, но одржувањето на Олимписките игри во оваа земја ја прави евентуална мета, бидејќи на спортската манифестација учествуваат земји кои се дел од коалицијата што се бори против ИД.