На одбојкарскиот турнир Американците направија изненадување откако по двата пораза, ноќеска го совладаа домаќинот Бразил, кој до овој дуел имаше две победи.
Максимални девет бодови имаат само одбојкарите на Италија, кои се први во групата А, а во групата Б води Полска.
Резултати на натпреварите од 3.коло:
А група: Бразил – САД 1:3, Италија – Мексико 3:0 и Канада – Франција 0:3.
Табела: Италија 9 бодови, Франција 6, Бразил 6, Канада 3, САД 3, Мексико 0.
Б група: Полска 8, Русија 6, Аргентина 6, Иран 4, Египет 3, Куба 0.