„Мазда 3“ подготвена за првиот редизајн во 2017 година

Од:

Три години по премиерата на актуелната генерација, „Мазда 3“ ќе биде подложена на првиот редизајн.

И онака складната форма на „Мазда 3“  не бараше поголема рестилизација, па козметичките промени на надворешноста се минимални и сега можат да се забележат само со внимателно споредување на двете верзии на „тројката“.

Маската на ладилникот сега е повеќе нагласена благодарение на пошироката хромирана рамка во висина на светлата, што  дискретно е сменета и формата на предните светлосни групи. Освен тоа, рестилизиран е и браникот, како и куќиштето на светлата за магла.

Промените на задниот дел од возилото се уште понезабележителни и го опфаќаат редизајнот на браникот, чиј долен дел има нешто помала црна пластична облога отколку претходно.
Во внатрешноста се издвојува новиот дизајн на воланот, што како опција има и можност за греење, додека класичната полуга на механичката рачна запирачка е заменета со електронски контролирана паркинг запирачка. Во „Мазда“ велат дека е зголемен обемот на преградата за мали предмети во кабината.

Екранот на мултимедијалниот систем, исто така, е преобликуван, а рестилизирана е и инструмент таблата.

Безбедносните системи за асистенција се подобрени, па на купувачите сега на располагање им е  унапредениот систем за воочување возила под мртов агол и технологија за читање сообраќајни знаци. Инженерите на „Мазда“ постигнаа напредок и на полето на звучна изолација и намалување на влијанието на бучавата и вибрациите во внатрешноста на возилото.

Голема новина е воведувањето на технологијата „G-Vectoring Control“, што автоматски ја координира работата на системот за довод на гориво, со управувачкиот и системот за потпирање, а се активира кога компјутерот детектира дека возачот истовремено додава гас и свртува. 

„Маздата“ засега не соопшти дали иам некои промени на полето на моторизација, па се очекува во понудата да бидат истите погоднски агрегати како и порано.

Моделот за 2017 година во продажните салони ќе пристигне веќе во текот на есента, кога ќе се знаат и цените на редизајнираните „тројки“ а покрај хечбек прикажан на фотографијата,  ќе биде рестилизиран и моделот со четири врати. 

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ