Блажевски со нов државен рекорд, но без полуфинале

Од:

Марко Блажевски го имаше својот единствен настап на Олимписките игри во Рио, поставувајќи нов државен рекорд во дисциплината 200 метри мешано.

Македонскиот пливач ја исплива делницата за 2:02.54 минути, со што го подобри досегашниот рекорд 2:02.98 минути кој исто така беше негова сопственост.

На крајот на квалификациите, Блажевски го освои 26. место од 27 пливачи кои се појавија во квалификациите и имаше заостанување од 5,16 секунди зад најбрзиот Рајан Лохт. Пласман во полуфиналето обезбедија најдобрите 16 во квалификациите, меѓу кои и Мајкл Фелпс кој имаше трето најбрзо време.

Би можело да ве интересира

Две лица загинаа при уривањето на две згради во Рио де Женеиро

Амбасадата во Бразил со упатство до посетителите на годинешниот карневал во Рио

Наум Локоски

Македонка освои злато на Параолимпијадата, но за Хрватска

Емир Латифовиќ

Наковска – Бикова го освои 4.место во дисциплината 50 метри воздушен пиштол

Емир Латифовиќ

Ново финале за Оливера Наковска – Бикова на Параолимписките игри во Рио

Емир Латифовиќ

Параолимпиец трчаше побрзо од олимпискиот првак

Емир Латифовиќ