Американката Кристин Армстронг со триумфот на хонометарот во Рио го освои својот трет златен медал од Олимписките игри. Американката по едно злато освои и на Игрите во Пекинг 2008 и во Лондон 2012.
Таа утре ќе наполни 43 години и победата ќе ја прослави со својот петгодишен син. Инаку, Армстронг во 2009 година се повлече од велосипедизмот, но се врати на спортот и настапи на Игрите во Лондон.
Победничката во лоши временски услови (дожд и ветар) патеката долга 29.7 километри ја мина за време – 44:26.42 минути.
Сребрениот медал го освои Олга Забелинскаја од Русија со време – 44:31.97 минути, додека бронзата и припадна на Ана Ван дер Бреген од Холанија (време – 44:37.80 минути), која беше најбрза на уличната трка во Рио.