Службен автобус кој ги превезува новинарите коишто известуваат од натпреварувања на Олимписките игри во Рио де Жанеиро бил прострелан од куршуми додека возел кон борилиштата, но во инцидентот нема потврдени, соопштија сведоци.
Автобусот ги враќал новинарите од кошаркарската арена во олимпискиот парк, кога бил погоден со два куршума. Прозорците на автобусот биле скршени, а парчиња од нов полесно повредиле две лица.
„Пукано е врз нас. Можевме да го чуеме репетирањето на оружјето“, изјави американската новинарка Шерил Ли Микелсон која била меѓу патниците во автобусот.
Ова е втор инцидент со истрели од огнено оружје во правец на новинарите, откако во саботата еден куршум падна во прес-центарот во комплексот во кој се одржуваат натпреварувањата во коњички спортови паѓајќи на само неколку метри од новинарите. Според истрагата, овој куршум наводно го истрелал член на локална банда кој сакал да собори полициско беспилотно летало.