На Игрите во Рио синоќа беа одиграни и дуелите од 2. коло од машкиот одбојкарски турнир.
Три селекции – Италија, Бразил и Аргентина имаат максимален учинок од шест бодови, додека без пораз е уште и селекцијата на светскиот првак Полска со пет бодови.
Резултати од 2. коло:
А група: Италија – САД 3:1, Франција – Мексико 3:0 и Бразил – Канада 3:1.
Табела: Италија 6 бодови, Бразил 6, Канада 3, Франција 3, САД 0, Мексико 0.
Б група: Русија – Аргентина 1:3, Полска – Иран 3:2 и Куба – Египет 0:3.
Табела: Аргентина 6, Полска 5, Русија 3, Египет 3, Куба 0, Иран 0.