На женскиот фудбалски турнир на Игрите во Рио заврши првата фаза откако ноќеска беа одиграни дуелите од 3. коло од групите.
Осум од 12-те селекции изборија пласман во четвртфиналето кое ќе се игра на 12 август, а завршија настапите за селекциите на Зимбабве, Јужна Африка, Нов Зеланд и Колумбија.
Резултати од 3.коло:
Група Е: Јужна Африка – Бразил 0:0; Кина – Шведска 0:0.
Табела: Бразил 7, Кина 4, Шведска 4, Јужна Африка 1.
Група Ф: Австралија – Зимбабве 6:1; Канада – Германија 2:1.
Табела: Канада 9 бодови, Германија 4, Австралија 4, Зимбабве 0.
Група Г: Колумбија – САД 2:2; Нов Зеланд – Франција 0:3.
Табела: САД 7, Франција 6, Нов Зеланд 3, Колумбија 1.
Во четвртфиналето двојките се: Бразил – Австралија, САД – Шведска, Кина – Германија и Канада – Франција.
Денеска се играат натпреварите од 3. коло на машкиот турнир.