Кошаркарите на европскиот шампион Шпанија го претрпеа и вториот пораз на Олимписките игри во Рио, откако во рамки на 2. коло синоќа загубија од домаќинот Бразил со 66:65.
На пет секунди до крајот кош за „кариоките“ постигна Маркус Маркињош, а во последниот напад за Шпанија промаши Серхио Љуљ.
На другите два дуела од групата Б Аргентина ја совлада Хрватска со 90:82, а Литванија беше подобра од Нигерија со 89:80.
Табела: Аргентина 4 бодови, Литванија 4, Бразил 3, Хрватска 3, Шпанија 2, Нигерија 2.
Кошаркарите од А групата одиграа натпревари од 3. коло:
Австралија – Франција 89:71, Бразил – Белорусија 63:65 и Турција – Јапонија 76:62.
Табела: Австралија 6 бодови, Јапонија 5, Франција 5, Турција 4, Белорусија 4, Бразил 3.
Денеска се играат натпреварите од 3. коло од групата А кај мажите и 3. коло од групата Б кај жените.