Николовска несреќно ја загуби борбата со Турчинката Катипоглу

Од:

Македонска џудистка Катерина Николовска го заврши својот настап на Олимписките игри во Рио.

Николовска попладнево настапи во категоријата до 53 килограми, каде во првата елиминациската рунда за противничка ја имаше Бусра Катипоглу од Турција.

Во интересна борба во која македонската репрезентативка беше поактивна сепак пресуди искуството. Во регуларниот дел борбата заврши без освоен поен односно 0-0, но благодарение на грешката на нашата репрезентативка, со казнет „златен поени“ Турчинката беше таа која се пласира во осминафиналето.

Ова беше дебитантски настап Николовска на ОИ, од која и во иднина се очекуваат врвни резултати, а можеби и ново учество на најголемиот светски спортски настан.

Од нашите претставници утре во водите на олимпискиот базен ќе се појави Марко Блажевски кој ќе плива во квалификациите на трката од 200 метри мешано.

Би можело да ве интересира

Две лица загинаа при уривањето на две згради во Рио де Женеиро

Амбасадата во Бразил со упатство до посетителите на годинешниот карневал во Рио

Наум Локоски

Македонка освои злато на Параолимпијадата, но за Хрватска

Емир Латифовиќ

Наковска – Бикова го освои 4.место во дисциплината 50 метри воздушен пиштол

Емир Латифовиќ

Ново финале за Оливера Наковска – Бикова на Параолимписките игри во Рио

Емир Латифовиќ

Параолимпиец трчаше побрзо од олимпискиот првак

Емир Латифовиќ