Вашингтон Тајмс – Вашингтон
Кога стапи на должност, претседателот Барак Обама сонуваше дека неговата порака која внесе надежи за промена, како и неговите семејни исламски корени, ќе му помогнат да го придобие на своја страна исламскиот свет. Тој се гледаше себеси како иден добитник на Нобеловата награда, кој ќе ги натера луѓето од Блискиот Исток да ги засакаат САД, по што тероризмот постепено ќе се намали.
Но, што се случи на неговиот пат кон меѓународните односи? Лековите на Обама се покажаа полоши од самата болест.
Обама го даде првото интервју како претседател за телевизискиот канал Ал Арабија и посебно потенцира дека има муслимани во неговото семејство. Тој директно го обвини својот, според претходник Џорџ Буш, кој според општото мислење делуваше безумно, за затегнатите односи на Америка со многу блискоисточни земји.
Новата порака на Владата на Обама беше дека исламскиот свет резбирливо е непријателски настроен кон Америка, заради она што таа го сторила, а не заради она што таа го претставува.
Соодветно на тоа секое спомнување на радикалниот Ислам, па дури и самиот збор „тероризам“ беа исклучени од речникот на Владата. Зборовите кои беа користени за опишување на тероризмот и на борбата со него беа заменети со нејасни еуфемизми како „непредвидени задгранични операции“, „смислено предизвикани зли пораки“ и „насилство на работно место“.
Во обидите за извинување и со користење на митолошки речник, Обама редеше изопачени толкувања на историјата на Исламот со критики кон Америка. Тој го поддржа Муслиманското братство во Египет, ја оддалечни Америка од Израел, му понуди „маслиново гранче“ на Иран и се обиде да плови на брановите на „Арапската пролет“ со тоа што ја бомбардираше Либија. Тој дури започна да ги укорува христијаните за минатите гревови, кои датираат уште од времето на крстоносците.
И покрај тоа, исламистите ја протолкуваа пружената рака на Обама како израз на чувство на вина и на слабост, наместо како великодушност на кое треба да биде одговорено на истиот начин. Терористичките напади се засилија. Обама ја префрли вината за нив врз недостигот на контрола над огненото оружје и на генеричкиот „насилен екстремизам“.
Кариеристи и „апаратчици“ во Администрацијата се приклучија на партиската линија, па дури и се обидуваа да го надминат својот политички коректен шеф. Поранешната министерка за внатрешна безбедност Џенет Наполитано, се нафрли врз ветераните како да се терористички ризик. Обама и државниот секретар Џон Кери тврдеа дека глобалното затоплување, а не Исламска држава (ИД), се реалната закана. Шефот на НАСА, Чарлс Болден, откри дека претседателот го замолил отварањето кон муслиманите да стане приоритет за агенцијата. Директорот на НСА, Џон Бренен, рече дека џихадот е „света борба, легитимна догма на исламот“. Директорот на националното разузнавање Џејмс Клапер изрази мислење дека Муслиманското братство е во голема мера „секуларно движење“.
Претседателот често го критикуваше центарот за задржување на терористи во Гвантанамо дека непотребно го провоцира Исламот. Обама рече дека терористичките закани не се посмртоносни од пад во бања. Тој ја потцени ИД опишувајќи ја како „збир на неискусни аматери“, кои не претставуваат егзистенцијална закана. Тој во својата камања тврдеше дека Ал Каида е напикана во глувчекша дупка од страв. Обама ги повлече сите војници од Ирак и тоа истиот миг доведе до хаос.
Обама сметаше дека огненото оружје, а не исламиските терористи, се реалната закана – дури и кога убијци фрлаа бомби од Бостон до Париз, мафтаа со ножеви од Калифорнија до Оклахома, а во еден од најновите случаи искористија камион да згазат невини луѓе во Ница.
Разузнавачките и безбедносните институции ја сфатија пораката и повеќе се повлекоа заради обвиненијата за ислмофобија, отколку како да сречат смртоносни терористички напади. Властите или ги испитуваа, а потоа ги ослободуваа терористите од Бостон, Форт Худ, Сан Бернандино или Орландо, или ги затвораа очите за нивните закани кои ги испраќаа преку социјалните мрежи.
Сите тие пројави на грижа на совеста беа апсолутно неосновани. Радикалниот Ислам никогаш немал легитимни поводи за незадоволство од Западот. Америка и Европа примаа мигранти муслимани и покрај прогонот на христијанита на Блискиот Исток. Милијарди долари американска помош се уште течат кон исламски држави. Ослободувањето на Кувајт, а подоцна и на ирачките шиити од Садам Хусеин ја чинеше Америка неотребно многу крв и пари. Америка се обидуваше да го спаси Авганистан од Советскиот Сојуз, а потоа и од талибанците.
Над половина век Западот плаќаше надуени цени за нафтата од ОПЕК, а и американската флота ги штитеше морските патишта во Персискиот Залив обезбедувајќи им огромни профити за муслиманските монархии во регионот на Заливот.
Во исто време, Осама бин Ладен и Ајман ал Завахири – идејните архитекти на Ал Каеда, грозничаво бараа поводи за напади врз Западот.
Реалниот проблем е дека исламскиот тероризам се потхранува од сопствените неуспеси на Блискиот Исток. Џихадистите се обидуваат да гу убедат арапските народни маси дека враќањето кон религиозниот фундаментализам и извезувањето на џихадот ќе им овозможи на муслиманите да си ги повратат загубеното водство над одвратниот и декадентен западен свет, како што било во митските славни денови на Калифатот.
А всушност религиозната нетолерантност, апартхејдот на половата надмоќ, необразованоста, автократијата, државната контрола, трибализмот и религиозниот фундаментализам – сето тоа ја бетонира сиромаштијата, економската стагнација и, нормално, барањето на жртви за искупување. Додека голем дел од Азија и Латинска Америка напредуваа преку реформи, Блискиот Исток се обидува да ја префрли вината врз богатите западни држави и Израел.
Уште повознемирувачки е што милиони луѓе на Блискиот Исток тргнаа да бегаат кон сигурноста на Европа и на САД, и притоа неретко не сакаат да се асимилираат и манифестираат неблагодарност веднаш штом ќе стигнат таму.
Накратко кажано, сонот на Обама се покажа како кошмар и тој се уште не завршил.