Унгарската пливачка Катинка Хошу го освои вториот златен медал на Олимпијадата во Рио.
По триумфот на 400 метри мешано, 27-годишната Хошу утринава доплива до златото и на 100 метри грбно и тоа во време од 58.45 секунди.
Во најинтересната трка на програмата, по која беа доделени вкупно четири медали, второто место и сребрениот го освои 19-годишната Американка, Кетлин Бекер, додека со само една стотинка послаб резултат, трката во исто време ја завршија и една година постарите Кејли Миси од Канада и Фу Јуанху од Кина, кои се закитија со бронзата.
Нов олимписки рекорд постави американецот Рајан Марфи во дисциплината на 100 метри грбно пливајќи во време 51.97 секунди што беше повеќе од доволно за освојување на златниот медал. Среброто му припадна на Кинезот Ксу Џиају, додека бронзата ја освои Дејвид Пламер од САД.
И 19-годишната Лили Кинг постави олимписки рекорд. Таа делницата од 100 метри градно ја изпллива во време од 1:04.93,минута. Зад неа на второто и третото место се пласираа Русинката, Јулија Ефимова и Кејти Мели од САД
Во трката на 200 мметри слободно до златото доплива Кинезот, Сун Јанг со време од 1:44,65 минута, кој пред четири години во Лондон во истата дисциплина заврши како втор. За Сун ова е втор медал на игрите, откако на 400 слободно освои сребро.