ОИ Рио: Прв медал за домаќинот Бразил и тоа злато

Од:

Домаќинот на ЛОИ Бразил го освои првиот медал и тоа златен. За големата радост на Бразилците се погрижи џудистка Рафаела Силва.

Во тешка борба во финалето во категоријата до 57 килограми 24-годишната Силва, инаку родена во Рио, ја победи Сумија Доржсурен од Монголија. Поранешна светска шамионка од 2013 година Силва во финалната борба на поени славеше минимално со 2:1.

– Пресреќна сум, за ова живеев. Од „фавела“ стигнав до олимпиското злато. Ова е речиси необјасниво. Сите деца во Бразил имаат ист сон, сакаат да бидат спортски јунаци. Овој медал го посветувам на сите Бразилци, изјави новата олимписка шампионка Рафаела Силва.
Со пласманот во полуфиналето, Јапонката Каори Мацумото и Телма Монтеиро од Португалија го освоија бронзениот медал.

Би можело да ве интересира

Две лица загинаа при уривањето на две згради во Рио де Женеиро

Амбасадата во Бразил со упатство до посетителите на годинешниот карневал во Рио

Наум Локоски

Македонка освои злато на Параолимпијадата, но за Хрватска

Емир Латифовиќ

Наковска – Бикова го освои 4.место во дисциплината 50 метри воздушен пиштол

Емир Латифовиќ

Ново финале за Оливера Наковска – Бикова на Параолимписките игри во Рио

Емир Латифовиќ

Параолимпиец трчаше побрзо од олимпискиот првак

Емир Латифовиќ