Протести против Олимписките игри во Рио

Од:

Пред почетокот на свечната церемонија на отворањето на 31. Летни олимписки игри во Рио де Жениеро, неколку стотици доцна синоќа се собраа во близина на стадионот „Маракана“ на протест против корупцијата во Бразил и против, според нив, преголемите трошоци за организација на Олипијадата.

За да ги разбие учесниците на протестот во близина на „Маракана“, каде се одржа свеченото отворање на Игрите, бразилската полиција употреби солзваец и чадни бомби.

Овие протести се надовразаа на нестабилната политичка состојба во Бразил, предизвикана од временото отстранување од власта на пресетадателката Дилма Русеф и иницијативата за нејзино конечно отповикување.

Поради ваквата нестабилна политичка состојба во земјата, многу шефови на држави или влади решија да не присуствуваат на свеченото отворање на Олимписките игри.

Бразилските власти очекуваа на цереминијата да допатуваат околу сто светски лидери, но на отворањето присуствуваа само помалку од 25, меѓу кои и претседателите на Аргентина, Парагвај, Португалија и Франција, како и американскиот државен секретар Џон Кери.

– Лидерите очигледно не знаат со кој претседател да се поздрават, со отстранетиот или со оној што времено ја извршува функцијата. Со цел да ја избегнат оваа непријата ситуација, многумина од нив решија воопшто и да не дојдат, смета професорот по меѓународно право на Универзитетот во Сао Паоло, Маристела Басо.

Би можело да ве интересира

Две лица загинаа при уривањето на две згради во Рио де Женеиро

Амбасадата во Бразил со упатство до посетителите на годинешниот карневал во Рио

Наум Локоски

Македонка освои злато на Параолимпијадата, но за Хрватска

Емир Латифовиќ

Наковска – Бикова го освои 4.место во дисциплината 50 метри воздушен пиштол

Емир Латифовиќ

Ново финале за Оливера Наковска – Бикова на Параолимписките игри во Рио

Емир Латифовиќ

Параолимпиец трчаше побрзо од олимпискиот првак

Емир Латифовиќ