Јапонскиот цар Акихито ќе и се обрати на нацијата, можна е најава за абдицирање

Од:

Јапонскиот цар Акихито ќе и се обрати на нацијата следната недела, при што се очекува тој да најави абдицирање од престолот на една од најстарите светски монархии.

Кралската палата соопшти дека обраќањето по пат на видео врска ќе се емитува в понеделник во 15 часот по локално време

Не се очекува 83-годишниот цар, кој долги години има здравствени проблеми, да објави експлицитни планови за повлекување од тронот, бидејќи со Устав му е забрането да дава политички изјави, но тој нејверојатно ќе ги изрази што чувства за своите должности.

Јапонските медиуми сепак известуваат дека Акихито најверојатно ќе ја најави својата желба да замине од „Тронот на хризантемите“.

Медиумите јавуваат дека минатиот месец царот им се доверил на своите блиски соработници дека планира да му го отстапи престолот на својот син, принцот Нарухито, кој ќе го наследи во следните пет години.

Последната абдикација во Јапонија се случила пред повеќе од 200 години.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови