Чешкиот велосипедист Леополд Кониг на својата Фејсбук страница објави дека на еден од тренинзите во Рио каде претстојат годинешните Олимписки игри неочекувано го нападнал бездомник со мачета, јави дописникот на МИА од Прага.
– Кога при тренингот во џунгла ќе те нападне бездомник со мачета. Тоа е Бразил!, коментира Кониг објавувајќи видео на кое се слуша како еден од четворицата велосипедисти на чешкиот тим при возењето извикува: ,,Уф, ама ме изненади”.