Лидерот на џихадистичката групација Боко Харам, Абубакар Шекау денеска објави аудио снимка во која тврди дека „се уште е тука“ и покрај соопштението дека бил сменет од функцијата од страна на Исламската држава, на која нигериската група и се заколна на верност.
Пораката трае десетина минути, а Јан Сен Пиер, консултант за прашања за борба против тероризмот на групата за анализи „Модерн сикјурити консалтинг“ вели дека „изворот е мошне веродостоен“.
Пораката е одговор на Шекау на интервјуто на Абу Мусаб ал Бернави дадено за „Ал Набаа“, официјален неделник на ИД.
Во интервјуто тој е претставен како „нов лидер на Калифатот во Западна Африка“.
Абубакар Шекау раководи со Боко Харам од 2009 година. Тој тврди дека бил измамен од некои свои борци и од ИД, кон која се заколна на верност во март 2015 година и изјави дека повеќе не може да ја следи слепо.
– Со оваа порака сакаме да изјавиме дека нема повеќе да прифатиме ниту еден пратеник на ИД, освен оние кои искрено се ангажирани за каузата на Алах, изјави тој.
Шпекулациите за исчезнувањето на Шекау се множат и нигериската армија редовно го прогласува за мртов. Последното негово појавување е забележано во март, кога видливо осабнат, тој во видео на Јутјуб изјавува дека му дошол крајот.