Првиот човек на „Тесла Моторс“ Илон Маск, изјави дека електричното урбано возило за превоз на поголем број патници ќе се темели на платформата на „Модел Х“.
Кога кон средината на јули Маск ги изложи деталите за новиот „мастер план“, покрај електричниот камион го најави и „урбаното возило за превоз на поголем број патници“. Тогаш тој изјави дека станува збор за електричен автобус.
Сепак, како што открива „Јалопник“, Маск мислел на електричен минибус. Шефот на „Тесла Моторс“ на Твитер ја потврди оваа информација и додаде дека ова возило ќе ја дели механичката платформа со кросоверот „Модел Х“.
Маск верува дека минибусите поради помалите дименизии и подобирте маневарски можности ќе биде многу повеќе практично за сообраќајниот метеж во споредба со класичните автобуси.
Засега не е познато кога електричниот минибус на „Тесла“ може да се најде на улиците на американските градови, но се претпоставува дека поради реализација на другите планови тоа нема да биде можно пред 2020 година