Бан загрижен поради милитаризацијата на судирите во Сирија

Од:

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун изрази во Каиро стравување дека натамошната милитаризација на судирите во Сирија може да доведе до создавање на регионално воено жариште.

– Длабоко сме загрижени поради натамошната милитаризација на судирот, кршењата на човековите права и ризикот Сирија да стане регионално воено поле со насилство кое се интензивира, истакна Бан Ки-мун на пресконференција во Каиро.

Тој ја повика меѓународната заедница да ги поддржи напорите на пратеникот на ОН и Арапската лига Лахдар Брахими со цел да се пронајде политичко решение, кое одговара на легитимните тенденции за сирискиот народ.

Со оглед на „хуманитарната ситуација, која се влошува“ Бан Ки-мун ја повика меѓународната заедница да ја интензивира својата помош, посебно на соседните земји, кои се соочуваат со бран бегалци од Сирија.

Генералниот секретар на ОН се наоѓа во Каиро во рамки на посетата на регионот поради израелско-палестинскиот конфликт во Појасот Газа, а предвидено е да ги посети Израел и Западниот Брег.

Би можело да ве интересира

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение