ХБО и официјално најави дека ќе има одредени измени во “Игра на престолите“. Седмата сезона нема да почне да се емитува се до почетокот на летото 2017 година, што за прв пат е отстапување од досегашната пракса новата сезона да почнува во април.
Исто така, дефинитивно е потврдено дека седмата сезона нема да ги има стандардните десет епизоди, туку само седум. Следната сезона според најавите ќе се снима во Северна Ирска, Шпанија и Исланд.