Генералот Озтурк негира дека учествувал во пучот

Од:

Две приватни телевизиски мрежи, Хабертурк и НТВ, ја негираа информацијата дека екс командантот на военото воздухопловство, генералот Акин Озтурк признал дека улествувал во организацијата на воениот удат во Турција.

Државната агенција Анадолија претходно пренесе дека Озтурк признал дека помагал во организирањето на државниот удар во Турција.

Повикувајќи се на сведочењето на генералот пред обвинителите, двете телевизии наведуваат дека тој негирал било каква улога во пучот.

-Ниту сум планирал или раководел со државниот удар, ниту пак знам кој го направил тоа, рекол генералот, а наведува НТВ.

Владата во Анкара за обидот за пуч го обвини имамот Фетулах Ѓулен и неговите приврзаници во Турција, но и тој негираше дека има улога во настаните од петокот.