Поетот Ристо Лазаров ќе ја добие наградата „Дијалог“ за 2012 година

Од:

На поетот Ристо Лазаров денеска ќе му биде врачена наградата „Дијалог“ за 2012 година за неговата стихозбирка „Ситночекорка“.

Наградата ќе му ја врачи уредникот на здружението за уметност и култура на живеење „Дијалог“, Веле Смилевски, а за творештвото на Лазаров ќе говори академик Георги Старделов. Стихови од наградената книга ќе чита актерот Сенко Велинов.

Наградената стихозбирка е 20-тата поетска книга на Лазаров. Со нејзиното објавување се одбележуваат 40 години од појавата на првата стихозбирка „Ноќна птица во паркот“ на Лазаров.

Ристо Лазаров е добитник на највисоките литературни признанија како што се наградите „Ацо Шопов“ на Друштвото на писателите на Македонија и „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата. Неговите песни се застапени во сите антологии на новата македонска поезија презентирани во светот, а посебни книги од неговото творештво се објавени во Русија, Австралија, Албанија, Србија, Англија, Словенија и Чешка.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање