Велика Британија се надева дека ќе води позитивна преговори со ЕУ за отцепувањето од Алијансата, но има потреба од време да се подготви, изјави новата британска премиерка Тереза Меј.
Меј се соочува со тешка задача оти треба да го договори излегувањето на Велика Британија од ЕУ по решението за напуштање кое беше изгласано на референдум на 23 јуни.
– Британската премиерка објасни дека ќе ни треба одредено време да се подготвиме за преговорите, изјави портпаролката на Меј и додаде дека Меј изразила пред Јункер надеж дека преговорите ќе се водат „во конструктивен и позитивен тон“.